Ако се грижите за изгледот на кошулата, тогаш не е важна само марката, моделот и кројот, туку и начинот на кој ја пеглате.
Пред да ја испеглате кошулата попрскајте ја со вода. Внимавајте да не претерате со количината на водата, кошулата не смее да биде премногу влажна.
Кошулата секогаш се пегла од внатрешната страна, така ќе се сочува бојата на материјалот. Започнете од ракавите, а педантни мора да бидете особено на местото околу манжетните кое се пегла само со врвот на пеглата.
По ракавите, преминете на грбот, а на крајот се пегла предниот дел на кошулата.
Погледнете го видеото кое детално објаснува како правилно се пегла една кошула за три минути. Има што да се научи од него.