Водич низ град со утрински џогинг

Хотелите „Фор сизн“ промовираа нов начин на разгледување на знаменитости во големите метрополи. Имено, во Париз и Прага стартуваше првата ваква „водич низ град“ тура, во која гостите џогираат.

fs 2

Под слоганот „Енергија од Фор сизн“ започнаа да се организираат тури низ Париз и Прага (наскоро и во другите светски метрополи), а туристите овојпат го разгледуваат градот и неговите знаменитости трчајќи низ него.

fsgg

„ Секогаш претставува борба да се избалансира времето кога патувате, па вклучувањето на одредено време за кардио-вежби додека разгледувате еден град е совршено решение”, објаснува Дејмон Бенкс, новинар и медиумски консултант од Њујорк.

Многумина сметаат дека најдобар начин да се запознае еден град и локалната култура е да се шета по неговите улици. „Фор сизн“ го зема ова предвид и оди чекор понапред – џогирајќи низ градот не само што добро ќе го запознаете, туку при тоа ќе останете и во добра кондиција. За разлика од другите тури, оваа е наменета само за гостите на „Фор сизн“ и до сега се нуди во пет нивни хотели.

Турите се утрински и траат од 40 до 60 минути.

x

Check Also

Samsung ги прошири можностите на апликацијата SmartThings Find со Galaxy SmartTag опцијата

Прикачете го Galaxy Smart Tag локаторот на клучевите, паричникот или други важни ...