Водич за деловна новогодишна забава

Празничните забави организирани од фирмата или компанијата за која работите, без разлика на бројот на луѓето, се предмет на различни скечеви, а за некои можат да станат и вистински ноќни кошмари. И не ретко се случува токму ова второто.  

Одлучивме да споделиме што е дозволено, а што не на една ваква празнична забава. Сепак, повеќе ќе се сконцентрираме на она што НЕ Е дозволено.

Немојте први да пристигнете на забавата, освен ако не сте дел од организацијата. Обично, први треба да пристигнат оние кои се во тимот на организација и страшно е ако се појавите дури и пред нив, желни за забава. Немојте ни премногу да доцните. Ако забавата е закажана, на пример, за 20 часот, пристојно е да дојдете 15-на минути до половина час подоцна.

Облечете се пристојно, поточно соодветно за пригодата. Заборавете и на деловниот костум, но подеднакво заборавете и на секси фустаните, прекусите здолништа, проѕирните или длабоко деколтирани блузи. Хаваи-кошулите се исто така непристојни за ваква пригода, но не се пригодни ни фармерките. Мислете на едноставноста и елеганцијата. Помалку е повеќе!

zabava 3

Колку и да ви звучи оригинална идејата, смешно е да се појавите со новогодишно црвено капче, она како „украдено“ од Дедо Мраз.

Шегата е сега дозволена, но никако немојте да се шегувате на сметка на фирмата за која работите. Најмлаку, релаксирани, да почнете да кажувате анегдоти за шефот.

Ако станува збор за забава организирана од поголема компанија, обидете се да позборувате со вработените кои не ги познавате многу. Така пригодата ќе ја искористите и за нови пријателства.

Заборавете на опивањето. Чашка, две до три (најмногу) се дозволени, може да бидете и весели, но никако пијани. Ова е всушност и најчестата грешка поради која следниот ден многумина не можат да си ја простат забавата. Поточно, себеси на забавата. А и лошо е за вашиот имиџ меѓу (трезните) колеги.

Оставете ги претпоставените да уживаат во забавата и не ги „гушете“ со работни проблеми. Уште една честа грешка на многумина кои во ваквите забави гледаат можност да се доближат до претпоставените и да „истресат“ се што ги мачи. Можете да размените по некоја пријатна реченица, но никако на деловна тема.

Танцувајте, но умерено. Тоа значи танцувајте слободно зашто сепак станува збор за забава. Но не ги покажувајте вештините кои сте ги научиле на приватните часови по „бели-денсинг“ или зумба.

 

x

Check Also

Согорување калории – Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се ...