Додека Картие на светот му ја подари зимската приказна поврзана со оваа марка, компанијата ги прослави своите 160 години од основањето во Грон Пале во Париз.
Зимската приказна која доаѓа од луксузната марка Картие за кусо време го обиколи светот. Малечкиот пантер, кој е главен лик во приказната, не носи низ Лондон, низ минатото.
И додека приказната ја носи миризбата на Лондон, компанијата во Париз го прослави јубилејот – 160 години од основањето.
Изложбата е отворена во Грон Пале од 4 декември и ќе трае до 16 февруари 2014. Изложени се 6.000 парчиња накит од најстарите денови до денес.
Ј.К