Волшебни диети и волшебни апчиња

Да ги разбиеме заблудите за слабеење

slabeenje 01

 Од незнаење луѓето воглавно применуваат две методи за намалување на тежината. Првата метода е драстична диета со намалување на калориите до опасно ниско ниво, понекогаш и под 500 калории на ден. Второ, употреба на диета со “волшебна“ конструкција на “комаптибилни продукти“ кои се јадат само во одредено време на денот. Да ги разбиеме сите митови: за да ослабете потребно е да имате калориски дефицит, тоа е првата и основна компонента, но тоа не значи да гладувате со патолошка диета. Вакви диети функционираат краткотрајно, а праксата покажува дека 80 отсто од оние кои ја применувале “волшебната“ диета ја враќаат својата првобитна телесна тежина најмногу за една година

Салото е само “мртва“ тежина. Не само за спортување туку и за општата благосостојба, она што го носите на себе како товар само ви го отежнува животот. За да бидете здрави или пак успешни во својата дисциплина треба да се ослободите од маснотиите. Со соодветна нутриционистичка насока тоа може да го направи секој човек. Оние кои активно вежбаат од 4 до 6 пати неделно, имаат маснотии во телото од 8 до 16 проценти кај мажи, односно од 10 до 25 кај жени. За жал под влијание на различни квазинутриционисти и модерни советници за диети, луѓето применуваат најразлични методи за да ја намалат својата тежина, но при тоа го намалуваат и своето здравје и своите перформанси.

Зошто “волшебните“ диети не функционираат?

Тие се сконцентрирани на намалување на тежината наместо на коректниот пристап – намалување на масното ткиво. Со нискокалоричните диети од 800 до 1200 калории дневно, доаѓа до намалување на тежината и до 45 отсто со канибализација на сопствената мускулатура – единственото активно ткиво кое ги согорува маснотиите. Зачувувањето на мускулатурата е најважната работа  за да ја загубите телесната маснотија. Што помалку мускулатура имате – толку е помал вашиот базален метаболизам и толку ќе биде потешко да се ослободите од маста.

slabeenje 1

Заблуда: калорија е калорија!

Сеуште е општ мит дека калорија е калорија, независно од каква храна доаѓа. Калориите кои ги внесувате со масти ве прават помасни. Јадејќи повеќе мрсна храна се здебелувате повеќе отколку јадејќи јагленохидрати или белковини. Затоа, избегнувајте ги маснотиите од животинско потекло што е можно повеќе.

ЧЕКОР 1: Прво правило за перманентен губиток на маснотии е: не губете повеќе од 250 г маснотии неделно! Ќе забележите мала промена во првите 2 месеца, меѓутоа во текот на годината телесните маснотии ќе се намалат меѓу 3 и 6 проценти. Во меѓувреме телото ги ремоделира сите хормони, ензими и ткива за да се прилагоди на новата ситуацијаи. За 12 до 18 месеци ќе успеете да ја промените композицијата на телото без да активирате ниту еден од неговите одбранбени механизми.

ЧЕКОР 2: За да бидете сигурни дека губите маснотии а не мускулатура важно е да го мерите вашиот телесен состав секои 2 месаца. Тоа се прави со калипер (штипка), но посовремен начин е со електронска вага која автоматски покажува колку маснотии имате во телото.

ЧЕКОР 3: Единствена храна од која треба да се откажете се заситените масти ( сите масти од животинско потекло кои се наоѓаат во сланина, џимиринки, колбаси, паштети, путер, павлака, мрсни сирења и кашкавали, свинско и јагнешко месо и сл. Елиминирајќи ги може да го обезбедите тој 10 процентен калориски дефицит кој ви е потребен за здраво слабеење.

Кои апчиња делуваат…

slabeenje 2 

EL CARNITINE

Постојат неколку хранливи материи кои можат да ви помогнат. Првиот е el-carnitine. Количината на согорени маснотии директно зависи од нивото на ел-карнитин во мускулите. Оралната суплементација на оваа аминокиселина во количина од 1 до 2 г дневно значително ја зголемува потрошувачката на маснотии, но само за време на вежбање или физичка активност!

ХРОМ Пиколинат

Вториот елемент кој може да помогне во губење на маснотии е хромот. Тој е минерал, есенцијален за нормален метаболизам на инсулинот. И како таков е важен за раст на мускулатурата и контрола на телесната маснотија. Стабилно ниво на хром се одржува со апчиња: неопходни ви се 200 до 400 микрограми дневно во вид на хром пиколинат во комбинација со физичка активност!

ОМЕГА 3

Уште два хранливи елемента помагаат во регулирање на инсулинот, а тоа се EPA и DHA масните киселини кои се наоѓаат во рибините масла и кај нас се познати како Омега-3 масни киселини и во вид на апчиња треба да се консумираат од 1 до 2 г дневно.

Производи кои “немаат калории“

Иако производи без калории не постојат, сепак, постојат производи за чие варење телото троши повеќе калории отколку што самите тие содржат.

Хипотетично, ако изедете парче торта од 360 калории организмот за негово варење ќе потроши 100 калории, а останатите 260 ќе се наталожат во организмот. Од друга страна ако изедете јаболко кое содржи 65 калории на организмот повторно му се потребни 100 калории за да го “свари“, односно да повлече 35 калории од резервата.

brokula

Еве една листа на добри производи:

Целер (100 г)

Содржи 6 калории/ за разградување во организмот користи 50 калории/ согорува 40 калории наслаги

Брокула (100 г)

Содржи 25 калории/ за разградување користи 80 калории/ согорува 55 калории наслаги

Печурки (100 г)

Содржат 18 калории/ за разградување користи 50 калории/ согорува 37 калории наслаги

диета 2

Останати препорачливи производи: зелка, пиперчиња-чили, краставици, кромид,папаја, спанаќ, јаболка, боровинки, цитрон, лимон,манго, портокал, јагоди, мандарини, зелена салата, брусница.

Ј. Силјановска

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Натпросечно топли температури, проверете кога ќе има нагла промена на времето ужасна за здравјето!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред ...