„Волшебно велигденско дрво” во Рамстор Мол за децата со церебрална парализа

Четврта година по ред, хуманитарна акција за децата со церебрална парализа во Рамстор Мол

Рамстор Мол, четврта година по ред, по повод големиот празник Велигден, ја организира хуманитарната акција Волшебно велигденско дрво.

Во соработка со ЈУ Центар за социјална работа, Црвен Крст на град Скопје и Комерцијална банка, Рамстор Мол ја организираат хуманитарната акција која наменета за дневниот центар за лица со церебрална парализа во Скопје. Овој настан има за цел да ги натера луѓето да бидат хумани, да помогнат онаму каде помошта е повеќе од неопходна, да ги мотивира компаниите да бидат општествено одговорни и да исполнат една велигденска желба на децата кои го посетуваат денвниот центар за лица со церебрална парализа.

Среќни сме што оваа акција прерасна во традиција и претставува белег кој не одбележува. Како и секоја година така и оваа направивме волшебно дрво на кое децата од деневниот центар ги закачија своите желби. Ги повикуваме граѓаните и компаниите да бидат општествено одговорни и да се вклучат во оваа акција, заедно да ги исполниме желбите на овие дечиња и младинци и сите заедно да ја поддигнеме свеста за надминување на предрасудите и стереотипите за лицата со пречки во развојот.

Хуманитарната акција започнува од 12.04 и ќе трае до 24.04 и секој кој сака да се вклучи во акцијата може да го посети Рамстор Мол и да одбере која желба ќе сака да ја исполни на едно од 36 деца кои се редовни посетители на дневниот центар за лица со церебрална парализа. Желбите се веќе поставени на волшебното велигденско дрво, а подарокот може да се достави на инфо пултот во трговскиот.

x

Check Also

17 нови Барби-кукли дизајнирани според ликовите на инспиративни жени

Цели 58 години популарните кукли Барби ја промовираат модата и модните трендови, ...