Возењето е многу полесно со EnRoute оптичките стакла, достапни се во продажба!


Како што патиштата стануваат сѐ повеќе пренатрупани и трошиме сѐ поголем дел од времето зад волан, нашите очи го чувствуваат заморот. EnRoute оптичките стакла се дизајнирани специјално за возачи, го минимизираат стресот на визуелниот систем и овозможуваат поудобно искуство на возење.

Комбинирајќи го премиум дизајнот за монофокални или прогресивни оптички стакла со специјално развиениот Glare Filter (филтер за одблесок) и опционалниот филтер за нагласување на контрастот, EnRoute стаклата нудат бистро, богато со контрасти гледање во далечина на контролната табла и на ретровизорите. EnRoute стаклата нудат и значителна редукција на рефлектирањето и неудобниот отсјај од сообраќајот; подобрен контраст и перцепција на светлината во услови на намалена видливост, магла и дожд и нежно, брзо префрлување на фокусот при гледање на различни растојанија. Така, со овие стакла, возачите може да се чувствуваат удобно и самоуверено кога се на пат, во секакви временски услови или во било кој период од денот. EnRoute Pro пак, е развиен специјално за професионални возачи.

Визулени потреби при возење

Податоците на Hoya покажуваат дека возењето е една од најважните активности во секојдневниот живот, но е и многу сложена активност кога станува збор за визуелниот систем. Нашите очи треба да процесираат огромна количина на визуелни податоци и да го менуваат фокусот брзо и често. Маглата, обилниот дожд, снегот и сончевата светлина дополнително можат да го компромитираат видот. Возењето во услови на намалена светлина или ноќе може да биде предизвик за многу луѓе. Лесно е да се одвлече вниманието поради силни светла и отсјај. Зголемената светлина од модерните LED и ксенон фарови е особено блескава.

Перцепцијата на длабочина, способноста да се разликува боја и периферното гледање се намалени. Сината светлина што ја емитува опремата на контролната табла дополнително ја намалува визуелната активност. Како и да е, постои нешто многу поважно што треба да се земе в предвид: 90% од времето на реакцијата на возачот зависи од видот, па нарушен вид значи побавно време на реакција. На патиштата, ситуацијата може инстантно да се промени во опасна доколку не се носат соодветни очила 2,3.

Комфорт и самодоверба на патот

Истражувањата покажуваат дека една од причините зошто пациентите го посетуваат својот очен лекар е поради искуството на намален визуелен комфорт при извршување на секојдневни активности како што е возењето. Како што им се намалува самодовербата, многу возачи се чувствуваат несигурни и загрижени дека ја губат независноста.

EnRoute е решението! Развиени за да ги задоволат визуелните потреби на денешните возачи, EnRoute оптичките стакла се опремени со специјално развиен Glare Filter. Ова особено ја намалува светлината во синиот спектар, значително намалувајќи ја светлината и отсјајот од контролната табла, уличните светла и LED и ксенон фаровите од сообраќајот кои го одвлекуваат вниманието. Истовремено, го подобруваат пренесувањето на потребната светлина, подобрувајќи ја перцепцијата на контрастот и светлината, дури и при услови на намалена видливост и лоши временски услови. Резултатот е поудобно, релаксирано гледање дури и во стресни ситуации при возење.

Уште една предност на овие стакла е во тоа што анти-рефлексниот слој е отпорен на гребење и има карактеристики на одбивање на вода, прашина и нечистотија.

Нагласено гледање токму кога е потребно

Повеќето од времето при возење гледаме напред, па затоа треба да имаме широки и јасни визуелни полиња. Но, нашите очи, исто така, треба брзо да се префрлаат на различни растојанија на гледање со минимални движења на главата: од патот до навигацијата, од ретровизорите до контролната табла. Фокусирањето и рефокусирањето е особено предизвик за повозрасните возачи.

Достапни во SV и PAL дизајн за монофокални (standard и Pro) и прогресивни дизајни (standard и Pro), EnRoute оптичките стакла нудат јасно и непречено гледање во далечина, на контролната табла и во ретровизорите. EnRoute прогресивните стакла ги вклучуваат обновените технологии на Hoya: Integrated Double Surface Design за пошироки визуелни полиња и брзо префрлување помеѓу различни растојанија, и Balanced View Control за стабилна перцепција на сликата во динамички ситуации при возење.

 Рекламното видео погледнете го – ТУКА.

EnRoute оптичките стакла се допстапни во продажба и во Македонија. Mоже да ги најдете во секоја подобро снабдена оптика. Повеќе информации пак, може да добиете на Фејсбук страницата на БетаМедико

https://www.facebook.com/BetaMedicoTrading/ или на телефоните (02)3239218 и (02)3217718.

x

Check Also

Северина во Струмица го најави есенскиот тренд на силна црвена нијанса

За настапот во Струмица, популарната хрватска пејачка Северина се фотографираше во романтична ...