Возењето велосипед е нешто најблиску до летањето – 16 јули светски ден на велосипедизмот

Робин Вилијамс на прашање од wall street journal зошто толку многу сака да вози велосипед едноставно одговорил „затоа што возењето велосипед е нешто најблиску до летањето“. Па затоа, денес, 16 јули Светскиот ден на велосипедизмот, ајде да ги оставиме автомобилите и да практикуваме култура на возење велосипед. И тоа не само денес, туку секој ден!

Велосипедот не воодушевува од првото појавување во 1817 па досега едноставно затоа што возењето велосипед е најубавата работа на светот, тоа е нешто во што лудо се вљубуваш, нешто без што не можеш, нешто со што се чувствуваш најслободно на свет.

За возење велосипед не ви треба посебна дозвола, годините не се ограничување, најмалку полот или пак животниот стил или статус.

Дефинитивно, нема подобро превозно средство од велосипед, за на работа, за прошетка, за на кафе со пријателите, за на факултет… велосипедот е најдоброто нешто што може да му се случи на еден човек!

Не зависиш премногу од семафори и сообраќај, не загадуваш, а дополнително е добро за одржување фит форма, и секако здраво срце.

А со возење на твојот велосипед не само што се грижиш за себе и својата околина, туку можеш да ја покажеш и својата хумана страна учествувајќи во проектот “Вози од срце” на Стопанска банка АД – Скопје, и индиректно да помогнеш во донација на средства за набавка на медицинска опрема за Универзитетската клиника за детски болести, оддел за кардиологија.

Се е многу едноставно! На www.voziodsrce.mk откако еднаш се регистрирате преку вашиот Strava профил, со секое возење учествувате во извозување на планираните 1.000.000 километри, а Стопанска банка АД – Скопје ќе донира. Веќе стигнавме до 200.000 километри и продолжуваме понатаму.

Да го одбележиме денот!

Во продолжение и четири причини плус зошто велосипедот е најубавото превозно средство:

#Ја подобрува работата на срцето. Ова симпатично превозно средство на две тркала помага во намалување на крвниот притисок дури до 30%

#Помага при намалување на повреди. Луѓето со повреди на колената или остеоартритис, докажано е дека чувствуваат намалување на болката кога во својата секојдневна рутина вклучуваат возење велосипед.

#Помага при намалување на тежината Ако целите кон тоа да се ослободите од вишокот килограми, возење велосипед е вистинскиот начин.

#Се чувствувате подобро и со поголема самодоверба. Одберете си секојдневна рута која ќе ја возите со велосипед. Докажано е дека со секојдневно и континуирано возење се лачат хормони кои ви создаваат чувство дека може да го освоите светот!

 

x

Check Also

5 кратки совети од Ивица Јанев за поефективно вежбање

Кога за првпат почнувате со вежбање, мора да знаете дека точната форма ...