Впечатливи бои за впечатлива пролет во ателје Алшар

Новата колекција на брендот Алшар и дизајнерката Силвија Михајловска ја обоија оваа пролет во силни тонови на розова, црвена и неон зелена боја.

Креациите се предвесник на модните трендови со храбро комбинирање на бои и принтови, но и на материјали. Така, во колекцијата ќе сретнете шарени и лелеави модели кои се надополнети со парчиња во кремасти нијанси и сафари стил.

“Spring is coming” ја сочинуваат фустанчиња, панталони, наметки-кошули, долги лелеави тоалети надополнети со здолништа-појаси и рачно насликани корсети. Застапени се асиметријата во кројот како и нитните кои го надополнуваат целиот изглед. За потребите на оваа фотосесија специјално се изработени чевли од македонскиот бренд Shevro, во розеникави, проѕирни и црно-сребреникави тонови. Дополна на изгледите се мрежестите и хулахопките во боја од Пенти. – изјави дизајнерката Михајловска.

Силвија, со својот тим, фотографот Крсто Златков и моделот Маја Илиоска, ја претставја новата пролетна колекција наменета за урбани девојки и жени кои храбро ќе ги искомбинираат боите во своите дневни и вечерни излегувања.

Колекцијата веќе е пристигната во ателјето Алшар, а постојано ќе се надополнува со нови и свежи модели во текот на периодот.

Повеќе информации на ФБ страната – ТУКА. 

x

Check Also

Капчиња и сламени шапки за лето 2019, еве каде да ги купите најубавите модели

Еден од најпотребните модни додатоци за топлите денови, покрај очилата за сонце, ...