Враќање на романтичните, бели, долги венчаници

По разните експериментирања со боите, должините и формите, познатите модни куќи се вратија на класичните, долги и бели венчаници кои ќе бидат тренд во 2015 година. Како детаљ е присутна тантелата, но и велот кој доминара во повеќето колекции.

Еве ги трендовите на венчаници за пролет 2015.

Оскар дела Рента

По заминувањето на модниот гениј Оскар дела Рента, модната куќа продолжува да го форсира трендот на венчаници кои наликуваат на онаа која креаторот ја направи за Амал Клуни.

 Маркеза

Пролетните венчаници од Маркеза се синоним за елеганција, а инспирација е иконата на стилот Грејс Кели. Римејк на нејзината венчаница се најде во пролетната колекција на оваа модна марка.

 

Каролина Херера

Романтичноста игра главна улога во венчаниците на Каролина Херера.

Вера Ванг

Бели, но сепак модерни, екстравагантни, некласични. По експериментирањето со боите (црни и црвени венчаници), Вера Ванг се врати на чистата боја – белата, но формите се асиметрични, а хит од пролетната колекција е венчаницата која личи на фустан на балерина.

x

Check Also

Запознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да ја изразите својата индивидуалност благодарение ...