Време е за големи попусти, време е за чистка. Дали сте подготвени за Garage Sale?

Во период од 1. до 31. aвгуст, посетителите на Ramstore Mall ќе имаат можност да бидат дел од најголемата шопинг манија, Garage Sale и да искористат попуст до неверојатни 70%.

„Ramstore Mall, како и секогаш, е тука да ги задоволи сите ваши желби и потреби, нудејќи незаборавно шопинг искуство, надополнето со широк асортиман на содржини и попусти. Задоволството и здравјето на нашите посетители се наш врвен приоритет, па затоа одлучивме оваа година, Garage Sale да трае подолго, со цел запазување на протоколите за заштита од коронавирус. Да се однесуваме одговорно и заедно да бидеме дел од најголемиот Garage Sale до сега.“- изјавија од Ramstore mall.

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство, Ramstore Mall го најавува месецот на Garage Sale. Традиционално, како и секоја година август месец е резервиран за Garage Sale, а оваа година истиот ќе трае цел месец со цел запазување на протоколите за заштита од коронавирус.

Бидете одгoворни, носете маска, држете растојание, редовно дезинфицирајте ги вашите раце и уживајте во шопинг во Ramstore mall.

 

 

 

 

 

x

Check Also

Есенска тексас колекција од Zara (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Моделот Грејс Хартзел ни ја претставува во новиот едиторијал есенската тексас колекција ...