Време е за млади таленти!

Што може да е поинспиративно за млади модни ентузијасти од директен допир со колевката на модата Париз?

Со таква мотивирачка цел Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во рамките на своите студии секоја година ги наградува своите најдобри студенти со посета на градот Париз,преку  „Саемот за мода“ , музеи и други институции. Идејата за непосреден увид  во изворот на модата е дел од планираниот едукативен процес на институтот. Како плод на постојаната успешна соработка, како и секоја година, престојот на овогодинешните наградени студенти : Мусли Каралити, Меланија Николоска, и Марина Карчевска е подржан од  „Францускиот иститут “во Скопје.

На 19-ти ноември токму излогот  на институтот ќе биде местото каде тројцата талентирани студенти ќе ги изложат наградените дизајни, а просторот домаќин каде тие пред присутните  ќе ги споделат своите впечатоци , инпресии и инспирации.

x

Check Also

Вистински Cyber Monday на Fashion Group со -30% попуст на се

Понеделникот кој сите го сакаме, вистински Cyber Monday на Fashion Group само ...