Време е за Сангрија

Се вели дека чашата црно вино е вредна како злато. Црното вино ги заштитува крвните садови, го намалува холестеролот и нивото на стрес и добар антиоксиданс е.

s99

Умереното количество на црно вино, што значи една до две чаши, придонесува и за помлад изглед, а состојката пицеатанол го забавува растот на масните клетки што значи дека црвеното вино е добар сојузник на секоја диета.

Но јасно е дека во потоплите денови црното вино е тешко, дека повеќе ни годи лесно бело вино или освежително пиво. Ајде да ве предомислиме. Време е за Сангрија.

Лесно се подготвува и идеална е за освежување во жешките денови.  Потребни се 2 литра црно вино, 300 грама шеќер, 1 литар природен сок од портокал, 1 литар минерална вода, 1/2 килограм исечкан лимон, 3 чашки вотка, 2 чашки рум (обичен или Бакарди) и сезонско овошје (праски, грозје, јаболко, крушка, цреши…).

Во голем сад помешајте го шеќерот, виното, румот, вотката и овошјето и оставете да отстои два часа. Потоа, додадете го сокот од портокал и минералната вода, па повторно добро промешајте.

Садот oставете го два часа во фрижидер, но мешајте на секој половина час.

Сангрија се послужува ладна, во високи чаши. Можете да додадете и коцки мраз.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...