Време за збогум: Бракот на Памела Андерсон траеше помалку од две недели

Помалку од две недели, или попрецизно, 12 дена – толку траеше бракот на глумицата Памела Андерсон и Џон Питерс. Двајцата се венчаа на 20 јануари на Малибу, со тајна и дискретна церемонија. Но, веќе дојде време за збогум.

А изгледаше дека Памела и Џон конечно си се најдоа. Сродни души, и двајцата со повеќе бракови зад себе. Таа објавуваше на социјалните медиуми љубовни постови, тој пак, изјавуваше дека ја запознал пред триесет години и дека никогаш не ја заборавил. Пам и Џон неодамна почнаа врска, и покрај разликата во возраста (таа има 52 години, тој има 74 години), а брзо стигнаа до ненадејното и неочекувано „да“.

„Никогаш нема да жалам да речам да“ беше едн од нејзините последни објави со хаштаг „меден месец“. И навистина се чинеше дека и се случува голема љубов. Но, идилата не траеше долго.

x

Check Also

Меган и Хари ја „сменија“ Канада за Лос Анџелес

Војвотката и војводата од Сасекс со синчето одлучиле да ја напуштат Канада ...