Временска капсула: Што криеше гардероберот на Фрида Кало

По 50 години гардероберот на Фрида Кало е отворен и на јавноста е претставено што се имало во него. Облека во силни бои, исклучителен стил, екстравагантност и посебност.

fk3

По смртта на големата мексиканска уметница Фрида Кало во 1954 година, нејзините предмети и облека, на барање на нејзиниот сопруг Диего Ривера, беа затворени во шкафот во спалната соба. Ривера наредил никој да не го отвора шкафот додека не поминат 15 години од неговата смрт. Ривера умира три години по смртта на Фрида, но „времнската капсула“ не беше отворена до 2004 година, цели 47 години по неговата смрт.

fk87

fk10

Кога „временската капсула“ била отворена, на фотографот Мијако му било дозволено да ги фотографира предметите кои и припаѓале на Фрида Кало.  Сите предмети и целата гардероба која и припаѓала, вклучувајќи ја и протетичката нога, била единствени, екстравагантни и со многу стил. Од кадифени ракавици преку свилени фустани и сукњи со тантела во силни бои до екстравагантни марами и табакери и лак за нокти од марката Ревлон.

fk00

fk32

Во 2012 година сите предмети биле изложени во нејзиниот дом во Мексико Сити, но светската јавност ги виде дури неодамна благодарение на фотографиите на Мијако изложени во лондонската галерија.

fk98

fk9

fk8

fk1

ТУКА. 

 

Повеќе за животот на Фрида Кало прочитајте – ТУКА.

 

x

Check Also

Погледнете го новиот дом на Хари и Меган во Ванкувер

Прекрасниот нов дом на Хари и Меган има 640 квадратни метри, добро ...