Врвни дизајнери го разубавуваат домот на Џорџ и Амал Клуни

Редизајнирањето на куќата на Џорџ и Амал Клуни во Беркшир, Англија, започнува со помош на врвните дизајнери од луксузниот „Сохо Хаус“ кој се грижи за изгледот на најексклузивните ресторани во светот и домовите на богатите и славните кои се членови на приватниот Сохо клуб.

klun 2

Не секој од богаташите може да си дозволи реновирање на домот со посредство на „Сохо Хаус“, но не се ни сомневавме дека Џорџ Клуни е од оние кои се членови на овој елитен клуб.

Куќата на Џорџ и Амал Клуни во Беркшир треба да биде реновирана до крајот на оваа година, а реновацијата на историскиот објект ќе опфати и проширување, изградба на огомен надворешен базен, внатрешен базен и киносала.

На проектот работат дузина врвни дизајнери и архитекти ангажирани од Сохо Хаус, а целта е да се разубават и надворешниот изглед и ентериерот.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...