Врвните вина на „Тиквеш“ освоија нови 13 медали и признанија за својот квалитет

 

На еден од најмасовните и секако најпрестижни светски вински натпревари – „Интернешенел Вајн Челинџ“ (IWC–International Wine Challenge) што се одржува во Лондон, врвни вина на винарската визба „Тиквеш“ освоија 13 медали и признанија, со што го надминаа минатогодишниот успех.

Nagradeni vina na IWC London_Maj 2016

На годинешниот натпревар, сребрени медали освоија „Темјаника Спешал Селекшн“ 2015-та и „Каберне Совињон Спешал Селекшн“ 2014-та, а бронзени медали вината „Домен Лепово Гранд Куве“ 2013-та и „Шардоне Спешал Селекшн“ од бербата 2015-та. Останатите пријавени вина на „Тиквеш“ за годинешното оценување добија посебни признанија со кои се истакнува нивниот квалитет.

„Веќе традиционално нашите вина освојуваат голем број награди на овој престижен вински натпревар на кој учествуваат сите оние што нешто значат во светот на виното во глобални рамки. Посебен куриозитет оваа година е тоа што медали и признанија добија сите 13 наши вина што годинава ги испративме на натпреварот. Тоа јасно покажува дека нашите вина без оглед на кој сегмент му припаѓаат, нудат најдобар однос на цена и квалитет“, објаснува генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Медалите и признанијата освоени на IWC имаат особено значење и заради фактот што тоа е еден од натпреварите со најдолга традиција во светот, која трае цели 33 години. Секое вино кое освоило медал и признание се оценува најмалку три пати, од минимум 10 различни судии, со таканаречената метода „оценување на слепо“. Ваквиот начин на оценување, за организаторите на овој натпревар, претставува дополнителна гаранција за квалитетот на наградените вина и одлична препорака за потрошувачите ширум светот.

x

Check Also

Мекдоналдс ја предизвикува Гвинет Палтроу со свеќи со миризба на хамбургер

По повод педесетгодишнината, Мекдоналдс објави колекција на свеќи со миризба на хамбургери. ...