Втора вечер на „Мала Италија патува“ посветена на пациентите од Онколошкото одделение од Детската клиника во Скопје

Како што знаете Мала Италија патува настана спонтано, од голема љубов кон медитеранската музика. Успехот на проектот, за мене не би бил целосен, доколку не го споделам со една од најважните здравствени установи во нашата земја, Клиниката за детски болести во Скопје, односно Одделот за онкологија, изјави Павле Камилоски“.

Проектот „Мала Италија патува“ чиј иницијатор е Павле Камилоски продолжува и оваа година, а новитет за неговото најново издание е хуманитарниот аспект на втората вечер од концертите, предвидена да се одржи на 21 септември. Средствата од продажбата на картите Камилоски одлучи да ги донира за потребите на Одделението за онкологија на Клиниката за детски болести во Скопје.

Како што знаете „Мала Италија патува“ настана спонтано, од голема љубов кон медитеранската музика. Успехот на проектот, за мене не би бил целосен, доколку не го споделам со една од најважните здравствени установи во нашата земја, Клиниката за детски болести во Скопје, односно Одделот за онкологија. Најубави емоции во мене се будат за време на концертите, но верувам дека она чувство што ќе го доживеам вечерта кога ќе пеам за децата од Онколошкото одделение, не се споредува со ниту едно друго. Среќен сум што ќе придонесам за разубавувањето на реалноста на пациентите сместени на ова одделение“, изјави Павле Камилоски.

Двата дена, на 19ти и на 21ви септември од 20.00 часот, ќе бидат посветени на најубавите светски балади и ќе бидат споделени со љубителите на безвременската италијанска, француска и шпанска музика во големата сала на Македонска Опера и Балет.

x

Check Also

10 намирници кои вашето домашно милениче не смее ни да ги проба!

Кога бевте дете, веројатно сте слушнале од вашата мајка или татко: „не ...