Вуди Ален, на 9 април излегува неговата биографија, но ќерка му го нападна на Твитер

Мемоарите на режисерот Вуди Ален во кои тој го раскажува својот приватен и професионален живот ќе излезат на 9-ти април во САД и во евроспките земји, но ќерката Дилан Фароу започнува сериозен напад на социјалните медиуми.

Сè уште не e излезеna (датумот е 9 април), но автобиографијата на Вуди Ален, веќе предизвика галама. И не само затоа што книгата за животот и делото на една од иконите на киното ќе биде објавена ширум светот, туку и затоа што контроверзите веќе избувнаа – започнувајќи со оној објавен на Твитер од посвоената ќерка на Вуди Ален, Дилан Фароу.

„Објавувањето на мемоарите на Вуди Ален од страна на Хачет е длабоко шокантно за мене и тотално предавство за мојот брат, чија храбра истражувачка книга (Catch and Kill, н.з), објавена од Хачет, им даде глас на бројни преживеани од сексуално вознемирување од страна на моќни мажи “, напиша Дилан на Твитер.

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...