Win Music Freedom: Claptone утре настапува во Станица 26

Време е за уште една градска Stay You забава во клубот Станица 26 на познатиот Claptone со почеток на полноќ на 10-ти октомври, среда, поддржана од Win Music Freedom. Локална поддршка има од Алек Солтиров, билетите изнесуваат 800 денари на влез.

Името на Claptone, веќе долго време се поврзува со мистика и интрига, кој е човекот позади маската и како успева секогаш на своите настани да ја маѓепса многубројната публика со својот музички настап. Неговиот успех во елекотронската музичка сцена е евидентен со повеќе од 260 настапи низ целиот свет, каде што публиката со задовлство го чека појавување на мистериозниот човек со златната маска. Во 2017та година неговиот проект именуван како “The Masquerade” доживува голем успех, претставувајќи одличен музички концепт и соработка помеѓу други светски познати артисти како Black Coffee, Pete Tong, MK, и др. Овие концептуални забави се одржуваат во Бразил, Лос Анџелес, Рио, Берлин, Њу Јорк, секако завршувајќи на најпознатиот остров за забава Ибица, каде што во колаборација со Elrow организираат неколку настани за кои влезниците се распродадени однапред, и настаните уште ги прераскажуваат посетителите бидејќи ја имале таа можност да уживаат во маратонските сетови на Claptone, кои траеле повеќе од 7 часа.

Како уште еден доказ за неговата одлична музичка селекција и влијателност се споменува и фактот дека за време на неговиот настап на фестивалот Tomorrowland покрај полната музичка арена со повеќе од 15 илјади луѓе, на самиот видеострим за неговиот настап се имаат приклучено онлајн повеќе од 4 милиони луѓе што го следеле Claptone. На страна од неговите музички настапи, како продуцент тој зема активно учество во продуцирање на музика, однсно работејќи ремикси за Depeche Mode, New Order, Disclosure, Faithless, Bastille, Hurts и др. оставајќи сопствен печат со неговата продукција. Еден од неговите најуспешни ремикси за Gorillaz и траката The Drums, му овозможуваат да биде меѓу највртените артисти на легендарното BBC Radio 1. Сето ова му носи покана тој да настапува за BBC R1 Ibiza Weekender, и да биде 3 години по ред прогласуван како најдобар house артист на Ibiza Dj Awards. Неговото име секогаш е во друштво на светски познатите диџеи и продуценти во списанието Dj Mag како еден од најуспешните house диџеи.

Во јуни 2018та година Claptone го промовираше својот долгоочекуван албум “Fantast” што претставува колаборација со повеќе вокалисти, откривајќи различен пристап од се претходно кое тој го има сработено како продуцент. Иако има голем обем на работа со своите настапи и продуцирајќи музика, Claptone можете секогаш да го слушнете како презентира нова музика преку на неговиот Clapcast емитуван на повеќе од 70 радиостаници ширум целиот свет. Сите овие податоци говорат за тоа дека неговите настапи се уникатно музичко патување и искутство ко не треба никако да го изоставите или пропуштите.

x

Check Also

Лоба со нови deep house хитови Feel It и Над небото

Feel It на англиски и Над небото на македонски јазик се новите ...