WOW ФАКТОР: Подготвени сме за забава со новата колекција на PARFOIS

Сезоната на забави е веќе тука, а Parfois има сè што Ви треба за да имате најдобри и најкул комбинации.

Знаеме колку е тешко да се одберат вистинските парчиња кога се подготвуваме за забава. Дали сум премногу или премалку дотерана?, Што ако и некој друг се облече како мене? Parfois го има одговорот на овие прашања – бидете креативни и бестрашни и комплетирајте го Вашиот изглед со модни додатоци!

Колекцијата под името WOW фактор нуди неколку елегантни фустани со винтиџ инспирација во жолта и бела боја, како и ултра модерниот тренд неон и нежно розова.

За да ги поврзе сите овие стилови заедно, Parfois создаде колекција накит од сребро 925, деликатни парчиња во сребрени и златни нијанси со бисери и елементи во боја.

Додатоците за коса се исто така украсени со бисери, а очилата со големи рамки доловуваат вистински Одри Хепберн изглед.

Чантите од рафиа се украсени со монистри и привезоци, додека пак чевлите со и без високи потпетици го комплетираат изгледот со соодветна доза елеганција каква што ви е потребна.

Parfois оваа сезона презентира колекција за сезоната на забави, која е полна со контрасти, винтиџ парчиња со детали кои ќе го направат Вашиот изглед модерен и полн со живот.

Подготвени за забава?

x

Check Also

Овој викенд голема забава во Skopje City Mall кој слави 7-ми роденден!

Време е за голема забава, мнооогу награди и шопинг лудило во Skopje ...