Ѕидот на Оља Ивањицки

„ Ѕидовите најмногу ги сакаат сликите. Ништо ѕидот не го прави до толку ѕид како сликата“.

olja 2

 

Како мали кристалчиња во времето расеани

Ги собирам заборавените спомени

Од ѕидовите на куќите во кои ги делам

И нив и себеси и некое заедничко време

Како обред и ходочастие

На оној кој верува во себе, во Бога,

Во мерата на животните сокови.

Повторно сум на туѓа земја.

Ако себеси се споделив на две паралелни теченија

Тогаш една од нив тече тука некаде,

Оти и тие беа некаде на некое друго тло,

Паралелни како мал живот.

Бран кој расте,

Страв пред вратите на лифтот кои се затвораат,

Метална и тешка, како сеф

И трезор истовремено.

Идеална ситуација ако не се отворат.

Вдишете длабоко, немојте да дишете,

Нешто со вашите бели дробови не е во ред,

Дишете длабоко.

Ѕидот во домот на Аида и Боб Норман во Вашингтон.

Ме набљудуваат моите слики, цртежи, потези,

Идеи, лица, форми на нешто што постои,

Линијата која е сама за себеси е цел,

За утре веќе значи

Енигма и за мене самата.

 

Во создавањето на неочекуваните нешта

Измешани безредно, како геолошки слоеви,

Онака како што пристигнуваа и остануваа,

Фустани, чевли, книги, панделки, подвезици,

Во кои во толпа се измешани човечките приказни,

Траги на добри стари времиња,

Предмети со долготрајност

кои не можеш да ги фрлиш,

Верни, истрајни сведоци на твоите денови,

Немири, стравови, среќа, војна, чекање, замор.

Предмети кои патуваат со тебе

И предмети кои дома останувааат,

Очекуваат, наслушнуваат, посакуваат

повторно да ги допреш.

Да се израдуваат, одново да оживеат.

Светот поинаку мислеше,

Но никогаш доволно добро.

Недостасуваше оној final touch.

Nobody can resist.

 

Сакав да ја напишам песната на англиски.

Од зборови кои најчесто се употребуваат.

I am traveling of here,

He is the only adult in the room.

If you can let something lose,

That can make more copies of itself.

Направете копии.

 

Патуваат зборовите, го исполнуваат просторот,

Не дели и спојува раздалеченоста,

И гласовите.

olja 3

И само уште еден час чекање до заминување.

Се чини долго,

Во страв помислив:

Се е спакувано,

Но ги заборавив – моите зборови.

Зашто, ако не ги понесам – моите зборови

Тие ќе исчезнат, ќе отпловат,

Кон некои други места,

Во некои туѓи глави,

Во туѓи зборови и туѓи стихови,

Или во нешто сосема обично, безначајно, попатно.

 

Си ветувам себеси дека никогаш повеќе,

Се е далеку од твојот ѕид,

Од твоето проширено тело.

Зашто ѕидот е место на проширување на телата,

Цврсто, штитеничко, безбедно,

Од зимите, од летата, од непријателите.

Ѕидот е се она што те прави целосен,

Свој,

Како да си дома.

Ги имам сите оние ѕидови

На кои стојат моите слики.

Ѕид.

 

Ѕидови од храмови, урнатини, цивилизации.

Ѕидови од картони, ормани, прегради.

Се се стреми кон ѕидот.

Се вели, во четири ѕида,

Се случило нешто, се изрекло, сочувало, во тајност.

Ѕидот, исто така, се подигнува и се урнува.

Високите ѕидови во Њујорк ги прават Индијанците

Оти тие не патат од вртоглавица.

Целта на ѕидот е обемна.

 

Ѕидовите ги сакаат имињата на донаторите,

На хероите, на мртвите, на славните,

Ѕидот кој го уби Џемс Дин.

Најпосле, ѕидовите најмногу ги сакаат сликите.

Ништо ѕидот не го прави толку ѕид како сликата.

 

Би можело и вака да се каже:

На оној ѕид од лево е Пикасо,

А на десниот ѕид е Веласкес.

Тоа се ѕидови полни со себеси,

Вечни во своето достоинство.

Во домовите на пејачите ѕидовите пејат,

Во домовите на сликарите ѕидовите сами знаат да сликаат.

 

Меки ѕидови на животот и ткаењето на времето.

Ѕид од тил,

Ѕид на утробата,

Корици на книгата,

Ѕидот е свето место.

Ѕидот има две страни,

Од онаа другата страна не е исто.

Нови континенти, нови мапи.

Новата мапа на Вермер.

Новите мапи ги подразбираат и црните дупки,

Преку нив минуваат и жедните усти.

Take an extra life.

Згасна LIFE магазинот.

Life, како живот.

Дали некој рече

Дека згасна Животот?

Дали започна оној друг живот?

Се може да биде ѕид и се е ѕид.

Ѕид на хотелот Willard

Од подот до таванот пополнет со лица

На оние кои тука спиеле.

 

Овие денови Палестина: папата во „Холиленд”

21., 22., 23., и 24. март…

Тој 24. март пред една година…

Беше ли тоа живот зад ѕидот?

На другата страна,

Германците насилно ги освојуваат ѕидовите

На галеријата Хиршхорн.

Го освојуваат Вашингтон.

Ѕидови на туѓ живот.

Како пред ѕид, без излез,

Ѕид без решение на проблемот.

Тука е и Wall Street.

Така започна.

Тоа чудно место, со посебни бои,

Со миризба, вкус, и боја на пари, пред се,

Со посебни луѓе.

WALL STREET – УЛИЦА НА ЅИДОТ,

Улица на парите,

Кој би рекол дека тоа е слепа улица?

Што би се рекло, ќорсокак…

Од улицата на парите нема излез.

Таа е улица во една насока.

Нема излез- стигнат си до крајот.

Безпричински ѕид.

Ѕид со политичко значење.

Кинески ѕид.

Ѕид на еден генерал.

Берлиснки ѕид.

Ѕид на фараоните, зашто

Никој подобро од фараоните не го почувствувал

Животот на предметите и нивната моќ.

Ѕид на срамот.

Зад ѕидот.

Подеднакво, ѕид на молчењето, проштевањето,

Ѕидот на плачот.

Постои ли Ѕид на радоста?

Ѕидови како лавиринти

И ѕидови на животни приказни, хиероглифи, лов.

Ѕидови на царевски освојувања, љубови,

Ѕидови исполнети со книги,

Витрини,

Оружје,

Ѕидот Кремељ,

Округлата соба, ѕидот на директорот на CIA, KGB, UDB-а.

Ѕидовите имаат уши.

А и ушите имаат свој ѕид – ушното тапанче.

Ѕидовите кои имаат чуено се, остануваат неми.

Ѕидови во транзиција.

Видливи и невидливи,

Транспарентен ѕид,

Направен од власт и плунка.

Ѕидови на нежните птици,

Направени од тревки и плунка,

Ѕидови од измет и од мед,

Најлуксузни ѕидови.

Ѕидови на пајаковата нитка и прецизност на сплетување на мрежата.

Постои хиерархија на ѕидовите.

Во хиерархијата на ѕидовите,

Секако прв по важност е Ѕидот на плачот

Во Ерусалим.

Растат нови ѕидови на плач.

Се преселуваат. Размножуваат.

Ѕидови на нагласен гнев,

Испишани со пораки, симболи,

Љубов, секс, хумор.

Животот на ѕидот е разголен, содржаен, врел,

Вжештен, циничен, секси.

Графитите го неутрализираат ѕидот.

Ѕид во кој најмногу гледам.

Ѕидови кои најмногу те гледаат, контролираат,

Очекуваат, испраќаат, препознаваат.

Ѕид за удирање со глава,

И евентуално, за поминување низ истиот.

Ѕидови од кал, беда, камен, бетон, стакло,

Тули, немир, езотерија и омраза.

Вѕидан човек,

Носител на бетонски леш,

Телото како носач на арматурата.

Ѕид кој распукува,

Тоа е ѕид на срцевата комора

И на двете преткомори.

Ѕид од капка на крвно зрнце.

Ѕид од карти на кула од карти.

Ѕидови од песок, од лед,

И нивниот век на траење.

Рок на употреба.

Затворски ѕид.

Ѕидни весници, потерници, огласи,

Концертни плакати, претседателски кандидати.

Делови на ѕидот, вситнување,

Крцкање на експлозивното.

Пробивање на звучниот ѕид,

Тапациран ѕид на лудница.

 

Фудбалскиот жив ѕид е ѕид од тела.

Но и телото прави ѕид.

Со притискање на ѕидот на стапалото

Се допира целото тело.

Што се содржи ногата:

Мозок, хипофиза,

Мозочна шишарка,

Епифиза, врат, мал мозок,

Десна слепоочница, тригеминијус,

Овтален нерв на окото и кожа на челото,

Горновиличен нерв за носната шуплина,

И горната вилица и забите.

Долновиличен очен нерв за горните заби,

Јазикот, образот, мускулите за жвакање,

Носот,

Седмиот кичмен пршлен,

Очи, уши,

Бел дроб,

Мочни канали,

Колено,

Лакт,

Бубрези,

Јајници,

Plexus solarius,

Прсти,

Лимфни завршетоци,

Срце.

…И тргна лудилото на ТЕЛОТО.

 

x

Check Also

H&M лансираше нови модели на палта од рециклирани материјали

За претстојнава сезона, дизајнерите од H&M ни препорачуваат да носиме палта дизајнирани од ...