Пробните нарачки веќе се договорени, а нови фабрики на H&M во Етиопија ќе почнат да се градат оваа есен.
Етиопија има долга историја во текстилната индустрија, кожата и изработката на чевли уште од времето на италијанската окупација во 1939 година. Но и покрај брзиот економски развој кој е забележан во последниве години, Етиопија сеуште е една од најсиромашните земји во светот.
Сепак, компанијата H&M после бројните анализи донесе одлука да се прошири токму во оваа земја.
„Ние сме компанија во експанзија и постојано бараме нови пазари. А нови пазари бараме кога ќе се осигураме дека имаме капацитет да ги доставиме сите наши производи на сите наши пазари“, вели Камила Емилсон –Фалк, портпарол на компанијата.
Според Емилсон, Етиопија е земја со силен економски развој, па затоа H&M верува дека во Етиопија ќе можат да го одржат растот на економијата и да обезбедат нови работни места.