За кои 4 работи треба да размислиме кога купуваме на попуст?

Кој може да им одолее на попустите? Излозите на продавниците велат “Повелете“, а ние девојките и жените ја прифаќаме поканата со задоволство. Сепак, на кои работи треба најмногу да размислуваме при следниот шопинг?

Плати едно земи две, попусти на цени на производи, сезонски попусти… било каков формат на акција е поттик да се посетат трговксите центри и продавниците. Сепак паметното купување знчи повеќе од шопингот. Кои се четирите совети на кои треба да се посвети поголемо внимание:

Правило бр. 1 = Не го купувајте она што не ви се допаѓа

Ниската цена на некој производ може да ве “залаже“ да купите парче облека која впрочем не ви се допаѓа толку многу. Одлучете се да постапите со разум и да ги пренасочите средствата во корисни нешта кои ќе ви се допаѓаат, наместо купување на облека која не би сакале да ја облечете.

Правило бр. 2 = Не го купувајте она што не можете да го комбинирате

Ви се допадна здолништето со интересен принт и мислите дека супер ќе прилега? Дали размисливте дека немате со што да го искомбинирате т.е. дека ќе треба да купите кошула и чевли во слична боја? Ако ви дојде ова на ум, тогаш одучете се да го прескокнете купувањето на облека која не можете да ја искомбинирате со парчињата облека во вашиот гардеробер.

Правило бр. 3 = Не ја купувајте облеката која не е ваш број

Тамам ви се допадна маичката, таа е само во број М, а вам ви одговара големина L. Без да ги трошите парите на модели кои можеби ќе се рашират бидејќи сега ви се тесни и не пријатни за носење, ќе можете правилно да ги распределите средствата.

Правило бр. 4 = Не ја купувајте облеката која е прескапа
Иако патиките се на попуст, сепак вкупната сума е голема и го оптеретува вашиот буџет. Размислете за опцијата да не ги купите патиките сега, а со тие средства да пронајдете соодветна козметика, облека и слични нешта кои ни се секојдневно потребни.

x

Check Also

Вежбаме дома со Џејн Фонда, ѕвездата се врати на социјалните мрежи

Иако сме во изолација, размислуваме за нашиот здрав изглед, а размислува и ...