За мерак: Домашни њоки од компири во доматен сос

За четири лица – 1 кг црвен компир, 2 јајца, прстофат сол, 500 кг пченично брашно.

За сос- домати од конзерва (2 конзерви), 3-4 чешниња лук, маслиново масло, сечкан магдонос, сол и црн пипер, 150 грама пармезан, малку рукола.

Компирот го лупиме, го вариме петнаесетина минути, убаво го пасираме, кога ќе се излади додаваме сол, ги додаваме и двете јајца па замесуваме тесто. Во тестото додаваме од брашното, и месиме додека не стане компактно тесто од компир и брашно. Убаво го развлекуваме тестото, па го сечеме на ленти. Секоја лентичка ја месиме поединечно, формирајќи тенки ролати. Ги сечеме ролатите во њоки, па повторно ги попрскуваме со брашно. Ги префрламе њоките во чинија и сега се подготвени за варење. Ги варие во посолена вода додека испливаат на површина.

Во меѓувреме го подготвуваме сосот од домати. На лажица маслиново масло во тавче го пропржуваме исечениот лук, ги додаваме доматите од конзерва и магдоносот, печеме околу 7-8 минути, и зачинуваме.

Сварените њоки ги префрламе во тавчето со сосот и мешаме. Готвиме уште две три минути.

Ги префрламе во чинија за сервирање и врз нив наросуваме изрендан пармезан. Декорираме со листови рукола.

x

Check Also

За мерак: Печени тиквички со моцарела и печурки

Претпоставуваме, тиквички сте пробале на најразлични начини, но овој рецепт ќе ве ...