За новата колекција на чевли, Кети Пери обвинета за расизам

Со лансирањето на новата колекција на чевли на Кети Пери, која самата е дизајнерка на чевлите, пејачката е обивнета од расизам од страна на афроамериканците.

Додека нејизните чевли се пордаваат „како алва“ по цена од 129 долари, 34-годишната поп ѕвезда се соочува со обвинувања за расизам.

 

Имено, афроамерикснатата јавност се жали на тоа дека чевлите дизајнирани од црна кожа, и украсени со црвени големи усни и сини очи, потсетуваат на афроамерикански лик, односно жена. Не помагаат објаснувањата на Пери дека истите модели на чевли се достапни во продажба и во бела нијанса, односно на светла беж основа.

Во последниве две години, афроамериканската јавност стана гласна околу модните кампањи на познатите брендови кои, според нив, преку своите прозиводи ја омаловажуваат црната раса. Така, со слични притисоци и обвинувања како Кети Пери, минатата недела се соочуваше и модната марка Гучи поради блуза (со цена од 890 долари) која наводно се потсмева со црната рака. И Прада минатиот декември се соочи со слични обвинувања поради „подбивно“ уредување на еден од излозите.

Гучи

 

x

Check Also

Лејди Гага: На нашата љубов со Бредли работевме напорно, со денови

Лејди Гага е уморна од објаснувањата дека меѓу неа и Бредли Купер ...