За овој цветен, зелен фустан има долга листа на чекање

Дека социјалните мрежи влијаат на креирање на вкусовите при изборот на модно парче, докажува и примерот со зелениот цветен фустан кој го облече холандската блогерка Шарлота Греновелд.

Шарлота Греновелд

Фустанот со цветен принт и трендовска зелена боја во кој позираше влијателната холандска блогерка Греновелд стана најбарано модно парче на Асос за помалку од една недела. Станува збор за фустан од британската марка Китри кој експресно брзо доби листа на чекање од дури 800 луѓе и со тоа и официјално ја доби „титулата“ на најбарано модно парче на сезоната.

Фустанот претставува спој на се што е трендовско за сезоната пролет/лето 2018 – има миди должина, популарна нијанса, а надграден е и со популарните детаљи – плис, ремен околу струкот и скриено запетлување.

Овој фустан може да се носи и со патики, балетанки, но и со сандали на висока потпетица, давајќи одговор на секој моден стил – од „кежуал“ до спортска елеганција.

Асос

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...