За појадок или вечера наместо тост – англиски лепчиња, еве како да ги подготвите

Само едно од овие англиски лепчиња ја задоволува калориската вредност предвидена за вечера. За појадок може да си дозволите и две-три. Се приготвуваат едноставно, а и не бараат многу намирници, особено не скапи намирници, освен ако не почнете да експериментирате со додатоците.

Класичниот рецепт изгледа вака. Потребни ви се (за вечера за двајца) – 4 парчиња тост, 1 лажица путер или маргарин, по 200 грама ементалер и мрсно тврдо сирење, малку сол, 2 жолчки, 3-4 лажици пиво, црн пипер.

Понатаму, оставаме на вашата фантазија.

Како да ги подготвите?

Во тава на оган малку запечете ги парчињата тост. Иситнетото сирење измешајте го со пивото, па додадете ги солта и жолчките.

Со оваа смеса премачкајте ги парчињата тост.

Лепчињата печете ги во рерна на температура од 200 степени.

По желба во чинијата (или над самите лепчиња) додадете свеж домат, печурки или пршут.

Сервирајте ги со (бело) вино или уште подобро со кригла пиво

x

Check Also

Грчки колач со портокал – Портокалопита

Подгответе го традиционалниот, превкусен колач о Грција, по оригинален рецепт. Потребни намирници ...