За и против популарната цитрус диета

Цитрус диетата е една од најпопуларните и најефективни овошни диети. За држење на оваа диета потребна е силна волја и решителност, а резултатите навистина може да ве изненадат. Кои се придобивките на цитрус диетата и воопшто вклучувањето на цитрусни овошја во исхраната?

ci981Ако во вашата секојдневна исхрана вклучите портокали, мандарини, лимон и грејпфрут – можете да изгубите неколку килограми без држење на некоја специјална диета. Веќе е докажано дека цитрусите одлично ги согоруваат мастите, поради тоа што содржат ензими кои поттикнуваат варење. Покрај тоа, содржат и витамин Ц кој го забрзува метаболизмот и ги елиминира токсините од телото.

Строга цитрус диета – добри и лоши страни

Строгата диета со цитрус е различна од „обичната” цитрус диета по ограничувањата во изборот на храна. Предноста на оваа диета е тоа што може да изгубите од 12 до 17 килограми месечно. Се разбира, ваквиот резултат не е толку честа појава, но жените можат да изгубат во просек околу 10 килограми телесна тежина за еден месец, што е прилично добра бројка, но постојаното држење на оваа диета НЕ добредојдено за здравјето.  Бидејќи оваа диета е прилично тешка и рестриктивна и не е се препорачува нејзино применување подолго од 5-7 дена. После тоа, може да се направи пауза од 3 дена, па евентуално да се повтори циклусот.

Пример на дневно мени

Менито за еден ден изгледа вака :

Чаша свежо исцеден сок од портокали или грејпфрут наутро ;

За ручек – еден грејпфрут и две киви ;

За вечера – 2 варени јајца ;

Пред спиење може да се испие јогурт со малку маснотии (2,5 дл.) ;

За време на одржувањето на цитрус диетата, секогаш треба да се пијат билни или зелени чаеви (кои придонесуваат за губење на тежината) или лимонада без шеќер. Еднаш на три дена, за појадок, може да се изеде едно јајце со парче леб и сирење со малку масти.

ci7161

Доколку имате стомачни проблеми – оваа диета не е за вас. Исто така ако имате проблеми со хипогликемија, заборавете на оваа диета.

Најдобро е да се гледа на оваа диета како брз план за детоксикација по неколку дена.

ЗА

Познато е дека цитрусите содржат овошни киселини кои го поттикнуваат распаѓањето на мастите. Ова овозможува да не морате да вежбате. Вишокот килограми ќе почнат да исчезнуваат по 3 дена, а тоа ќе ве охрабри да продолжите со придржување кон диетата ;

Готвењето во текот на оваа диета е сведено речиси на нула ;

Цитрусното овошје, покрај овошните киселини содржат витамини и други корисни материи кои влијаат добро на метаболичните процеси во телото.

ПРОТИВ

Брзото губење на тежина може да биде штетно во два случаи : ако имате голем вишок на тежина, брзото губење на тежина ќе остави белег на кожата што нема толку лесно да се отстрани и по завршувањето на диетата, а исто така постои ризик дека најмалку половина од тежината ќе се врати назад.

Цитрусните овошја се нискокалорични, па затоа може да чувствувате замор и главоболка додека сте на оваа диета. Или едноставно речено – ќе бидете гладни, а внесувањето на калории (речиси) никакво!

Заклучок

Симпатична брза диета која ќе биде интересно да ја пробате, но само на неколку дена. Сепак, треба да се почитуваат препораките : износот на симнати килограми за еден месец треба да биде максимум 5% до 7% од телесната тежина. Исто така, кај вакви диети – доколку се држат во неколку циклуси – се препорачува консултација со лекар.

И да потсетиме – во текот на зимата полесно е да се симнат килограми со брзи диети, а истиот вид на исхрана во текот на летото може да покаже умерени резултати.

 

x

Check Also

3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути ...