За првпат „плус сајз“ модел: Ешли Грем е заштитно лице на „Ревлон“

Козметичката куќа Ревлон потпиша договор со 6 модели кои ќе ја претставуваат оваа марка во 2018 година, а меѓу нив е и полничката Ешли Грем. За првпат „плус сајз“ модел ќе ја претставува козметиката на Ревлон.

За рекламната кампања насловена Live Boldly, познатата козметичка куќа потпиша договор со шестубавици – Ешли Грем,  Едвоа Абоа, Рејчел Цимерман, Иман Хамам, Рина Фукуши и Аџок Мајак. Фотографирани заедно, моделите ја слават различноста позирајќи во металик и златни тонови на облека и шминка.

Ешли Грем

Во интервјуто за WWD, Ешли објаснува дека е ова голем момент за полничките модели.

„Полека почнавте да ги гледате и полничките модели како рекламираат козметички производи, но до сега не сте чуле дека еден таков модел потпишал договор со некоја козметичка куќа, а тоа е бидејќи компаниите се уште проверуваат дали ќе имаат успех доколку ангажираат полничок модел. Тоа е како да велат „хм, ајде да пробаме со оваа девојка со нагласени облини, па да видиме дали функционира или е само моментен тренд“, објаснува Грем и додава. „Просечната Американка носи конфекциски број 14, а ако ме прашате, карминот нема конфекциски број“.

Едвоа Абоа

Рејчел Цимерман

Иман Хамам

x

Check Also

Нов цветен парфем од Марк Џејкобс совршен за потоплите денови

Меган Роше, Каја Гербер и Адут Акеч позираат за новиот парфем на ...