За средена коса: Дијадеми и додатоци за коса за лето 2019 од WOMEN’SECRET

Во текот на топлите денови поретко ги посетуваме фризерските салони, уживаме во плажата и сонцето далеку од домот, и повторно имаме шанса да изгледаме средени во фризурата, без разлика дали ни е косата пуштена или врзана во опавче. Како успеваме во тоа? Со мали модни „трикчиња“ кои внесуваат свежина и стил во секој изглед, дури и во најлежерните комбинации.

Во летната колекција на WOMEN’SECRET најдовме супер избор на дијадеми (венчиња) и ластичиња за коса со трендовски и весели принтови.

Наш фаворит е принтот со црешички, но тука се и точкастите принтови и романтичните флорални принтови.

Во продолжение, погледнете што ни носи WOMEN’SECRET за лето 2019. Додатоците за коса се достапни во продажба во WOMEN’SECRET.

x

Check Also

Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ...