За среќа е потребно малку: пет гратис занимации за добро расположение

Постојат хоби кои можат да ве направат посреќни и со кои можете да почнете од денес, а да не ве чинат ништо. Или, речиси ништо.

hobi 2

Пеење

Научно е докажано дека пеењето ги прави луѓето среќни, а за тоа не е потребно многу време, ниту пак некој посебен талент. Најпопуларно е пеењето под туш, но уште подобри ефекти има пеењето со слушалки. Ама домашните сепак ќе мораат малку да се жртвуваат за вашата среќа.

Лексикон

Иако овој израз најчесто се употребува за рачно изработениот оригинален фото албум, во вака изработената книга може да ставете се што ќе ви дојде на ум, а за вас ќе има и сентиментална вредност. Слики, билети од кино или концерт, цвеќе, писма… Освен што ќе ви го подобри расположението, ќе остане како убав спомен и креативен подарок за членовите на семејството.

hobi 3

Готвење

Готвењето е нешто многу повеќе од хоби, релаксира и учи на нешто ново. Покрај тоа, денес имате  и одлична поддршка на телевизиските канали кои прикажуваат одлични и интересни рецепти, како и бројни интернет сајтови посветени на готвењето. Или зошто да не го посетите бесплатното школо за готвење кое го овозможува компанијата Цептер.

Пишување

Можеби мислите дека немате талент за пишување, но запомнете дека првите зборови се секогаш најтешки. Секогаш треба да имате на ум дека пишувате за себе и не мора да се грижите за начинот на пишување или граматиката и стилот. Како и при вежбањето и со пишувањето ги исфрлате негативните емоции, само помалку се потите, а предноста е во тоа што можете да пишувате било каде и во било кое време од денот.

hobi 4

Изработка на накит

Интернетот е полн со разни упатства за тоа како да се направи накит, а се повеќе се отвораат и продавници со материјал  од кои може да се направат многу креативни и интересни парчиња на накит. Кога ќе работите за себе, можете да се инспирирате од светските трендови, а резултатот е – нов накит што ќе го подобри вашето расположение и самодоверба. Жената и накитот се неразделни партнери, нели?

x

Check Also

Дури 84% од родителите се загрижени за онлајн безбедноста на нивното дете, но не одвојуваат време да зборуваат за тоа

Новото глобално истражување на Касперски открива предизвици зад ограничените семејни разговори за ...