За Yamamay летото продолжува, колекцијата остава без здив (ФОТО + ВИДЕО)

Само неколку дена пред официјално да не напушти летото, кампањата на костими за капење на Yamamay ни доаѓа како совршена инспирација.

Италијанската убавица позната по кампањите на „Долче и Габана“, Бјанка Балти, е главното лице во фотосесијата и видеото на Yamamay.

Италијанската модна марка за долна облека и костими за капење повторно ни нуди жешки и модерни дизајни. Пред фото-објективот на Џампаоло Скура, Балти позира во модели со анимал принт, флорални принтови, светкави и црвени нијанси. Се разбира, тука се и класичните бели и црни тонови но вклопени во ултрасекси и шик кроеви.

x

Check Also

ВИКЕНД: МИКА АРГАНАРАЗ ја претставува деним есенската колекција на Massimo Dutti

Модната марка „Масимо Дути„ се фокусира на Париз, Франција, во тренд-водичот за ...