За За Габор, беше и ќе остане модна инспирација

Вчера, на 99-годишна возраст, од срцев удар почина познатата глумица За За Габор.

za2

Родена во Будимпешта, кариерата ја започнала во Виена на само 15-годишна возраст , а во 1936 година била избрана за Мис на Унгарија.

Понатаму животот го продолжува во САД. Освен по талентот беше запаметена по бројните бракови. Се мажела дури девет пати. За многу жени пак, ќе остане пример за паметни изјави кога се брачните партнери и брачниот живот во прашање.

za12

Од раните денови остана запаметена по тоа што форсираше коса подигната во пунџа, бисери околу вратот и убава шминка.

za-3

Често се појавуваше во раскошни тоалети, во крзно, со многу накит на себе и беше една од ретките која отсекогаш беше максимално стилизирана и дотерана. Покрај природната убавина, За За преферираше силно нашминкани очи, вештачки трепки и секогаш беспрекорно средени веѓи.

Носеше раскошни и луксузни корсет-фустани кои се ширеа од колениците па надолу. Не и беа туѓи ни шапките ни круните. „Плавата“ коса беше нејзин заштитен знак.

Во реклама за GAP

Во реклама за GAP

За За беше и ќе остане една од модните икони на своето време, а од нејзе можевме многу нешта да научиме за стилот.

x

Check Also

HUAWEI го претставува P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP и воодушевувачки дизајн

Huawei го претстави HUAWEI P smart Pro – најновиот паметен телефон, со модерен дизајн и ажурирани спецификации што ...