За здрав сон: Во која боја е вашата постелнина?

Здравиот сон е уште една важна алка од „синџирчето“заслужно за нашата убавина. Затоа изборот на постелнината не треба да го препуштиме на случајноста.

post 5

Постојат различни постелнини, од памучни до свилени и ленени…Сите тие често содржат и синтетика за да бидат потрајни. Сепак најдобар избор е постелнина која е 100 отсто памучна. Памучните постелнини се погодни за секоја сезона од годината, лесно се одржуваат и пеглаат. Можат да се перат во машина и тоа на температура повисока од 60 степени. Предноста на памукот е што и дозволува на кожата да „дише“ па затоа не се потиме. Изборот на постелина е многу важен поради клучната причина – постелнината е во директен контакт со кожата на телото и лицето.

Кога купувате постелнина водете сметка за густината на ткаенината. Формулата е едноставна – колку густината на ткаенината е поголема, толку јорганот и перничињата ќе бидат помеки.

Боите влијаат на нашиот сон

Естетиката е едно прашање, но при купување на нова постелнина сепак треба да земеме предвид дека боите влијаат на нашето расположение како и на сонот. Оттука и грешка е постелнината да ја избираме според доминантната боја во нашата спална соба. Доколку се грижиме за естетиката, добра опција е да купиме прекривка за кревет со која естетски собата ќе ја донесете во совршена хармонија.

postel 4

Темните постелнини изгледаат многу елегантно, но сепак се добредојдени само во големите спални соби кои имаат светли ѕидови и големи прозорци.

Белата постелнина добра е за спалните соби кои се мали, но и за оние кои имаат интензивни темни детаљи. Таквата постелина делува свежа и ќе ви помогне да се релаксирате и наспиете.

postel 1

Чувство на мир и удобност дава постелнината во зелена боја.

Чувство на среќа дава секогаш постелнината со разнобојни цветови.

postel 3

Доколку сакате ноќите да ги поминете во страсна прегратка на партнерот, одберете постелнина со црвена боја.

postel2

 

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...