Забава и спортски активности за најмалите со првата „Алми детска трка“

Почетокот на учебната година во Виница беше одбележан во спортски дух, преку првата „Алми детска трка“ на која учествуваа преку 100 дечиња. Градскиот парк во Виница беше домаќин на деца од неколку градови од нашата земја, кои преку игра и забава се збогуваа со летниот распуст и го испишаа почетокот на првиот училишен час.

Кравичката Алми ги поведе децата на трката во која резултатите не се мереа со часовник, туку со чувства на задоволство, пријателство, радост и заедништво. Преку кратка трка, забава и дружење, децата го почувствуваа единството, но и здравата конкуренција од нивните врсници.

Меѓусебното дружење ги подготви децата за она што следува: учебна година полна со нови предизвици, а наградите кои ги добија од кравичката Алми им дадоа до знаење дека слатките изненадувања доаѓаат по успешно завршениот предизвик.

Големиот одзив и интерес, како и успешната организација, даваат позитивни вибрации и сугерираат дека во иднина оваа детска трка ќе прерасне во традиционален настан што ќе обезбеди радосни моменти за најмалите, но и за целото семејство.

Грижата за младите, посебно за децата, како и за целокупната заедница, отсекогаш било приоритет на Макпрогрес, под чија закрила е компанијата Vincinni. Макпрогрес и во иднина ќе продолжи да се фокусира на општото добро на заедницата преку организирање на разни акции и активности.

x

Check Also

Reebok ја лансира колекцијата во соработка со Викторија Бекам, и многу е шик!

Спорската марка Reebok го најави вториот дел на колекцијата реализирана во соработка со ...