Забава за 100-от роденден на принцот Филип: Меган и Ендрју непожелни гости!

Војводата од Единбург бил принуден да го избрише принцот Ендрју од списокот на гости.

Прославата за 100-от роденден на принцот Филип е веќе закажана за 10 јуни, станува збор за настан на кој кралицата Елизабета работи со години заедно со тим експерти во палатата. Роденденот има цел да ги обедини Британците и да ја прослават важноста на оној кој, од венчавката во ноември 1947 година, е принц-сојузник кој служел на монархијата најдолг период во британската историја.

Спектакуларниот настан ќе започне со воена парада, исто како онаа што беше организирана за стогодишнината на Мајката Кралица, во август 2000 година, а потоа ќе следува гала-прием во Бакингемската палата. Сите роднини и поканети гости веќе добиле прецизни упатства: тие апсолутно ќе треба да избегнуваат засенчување на прославата.

Највознемирувачката опасност за Елизабета е Меган. Кралицата е свесна за фактот дека присуството на војвотката од Сасекс во Лондон, по отсуство од 18 месеци, би го монополизирало вниманието на гостите и медиумите, и таа очајно сака да го избегне тоа. Но како да го направи тоа без да го навреди својот внук, Хари?

Во меѓувреме, Хари и Меган веќе дале до знаење дека ќе се вратат во Лондон следната година, но само во текот на месец мај, но не и во јуни.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...