Заборавете на брендираните производи, од оваа домашна крема тенот ќе ви блеска

Покрај тоа што има прекрасна миризба, се подготвува од три квалитетни состојки кои многу поволно влијаат на кожата, а тенот буквално ќе ви се препороди во рок од неколку дена.

Состојки кои ви се потребни

половина шолја органско кокосово масло

1 лажица течен витамин Е

неколу капки етерично масло од лаванда (или некое друго по ваш избор)

Подготовка

Сите состојки измешајте ги во стаклен сад, да добиете компактна смеса. Кокосовото масло можете благо да го загреете за мешањето да биде поедноставно. Добиената крема претурете ја во помала стаклена тегличка и чувајте ја во фрижидер.

Можете да ја користите наутро и навечер во многу мали количини. Витаминот Е помага за обновување на оштетената кожа, а етеричното масло од лаванда е познато по своите лековити својства. Оваа домашна крема за кожа можат да ја користат и деца.

x

Check Also

Два нови женски парфеми од Versace -Dylan Blue и Dylan Turquoise

Водечките имиња во светот на моделството, Бела Хадид и Хајли Болдвин, позираат ...