Заборавете на обичниот свадбен фустан

На денот на свадбата сите невести сакаат да изгледаат беспрекорно. Изборот на фустан е секогаш посебен предизвик за идните невести.

 nevesta 234

Во последниве години, многу невести се одлучуваат за модели кои се различни по дизајн и боја од класичните. Креаторите исто така се обидуваат секоја нова колекција да ја надополнат со необични венчаници, со  модерни и лежерни  форми.

Новите колекција на венчаници од познатите светски креаторски имиња мамат воздишки со неконвенционалните модели и некласичните комбинации на материјали и бои. Во мода се впечатливи фустани во светли бои – црвена, розова, зелена, сина, бидејќи на изгледот му даваат шик нота. Актуелни се и оние во стилот на модерна принцеза, кои во горниот дел имаат корсет, како и моделите со здолништа од свила и кринолин, идеални за дами со пошироки колкови.

nevesta 123

Оваа сезона се е во знакот на романтиката па и венчаниците изобилуваат со детали од чипка, карнери, цветови, украсени со везови и рачна изработка. Многу се привлечни и оние со една до две или три бои, како и оние со  прошарани дезени, блескави орнаменти, панделки …

Во мода се широките и тесни модели, а неизбежни се жипоните. Тука се, исто така, венчаниците со отворен грб или со едно рамо, деколтирани, струкирани со поголем изрез, мали и големи набори, плиширани парчиња. Акцентот е и на кратките, слоевити модели од лесни и раскошни ткаенини.

 

 

x

Check Also

Каја Гербер е лице во пролетната кампања на Џими Чу

Каја Гербер продолжува да се искачува кон врвот на модните скалила. Новиот ...