Зачинето дарување: Новогодишни секси подароци

Неколку идеи за авантуристите, романтичните и оние кои сакаат да експериментираат.

Ако вашата врска бара нови предизвици, вашиот сексуален живот бара фантазија, вашиот партнер има авантуристички дух или сака да експериментира со „нови територии“, ова се нашите 10 предлози за едни поинакви новогодишни подароци, зачинети со еротика.

Елегантна чантичка за кондоми

Елегантна чантичка за кондоми

Сексот е позабавен кога е безбеден. Охрабрете го партнерот секаде со себе да ги носи кондомите во ова модерно Д&Г чантиче од крокодилска кожа.

Еко-кондоми

Еко-кондоми

Во тренд се еко-кондомите. Со секое кутивче еко-кондоми што ќе го купите, дел од средствата одат во донација за поздрава околина.

Шунга масло за тело

Шунга масло за тело

Сте чуле за шунга? Шунга е стара јапонска уметност со еротски теми. Уметничкото движење датира од 16 до 18 век. Инспирирајте се од убавото и екскплицитно јапонско сликарство и подарете, на пример, масло за тело.

Безжичен вибратор

Безжичен вибратор

Играјте игри на далечина. Иако мал и навидум скромен, овој гаџет нуди вистинско доживување. Има безжичен опсег од 39 метри, па пријатно може да изненади кога најмалку се очекува.

Д&Г, свилена долна облека со леопард-принт

Д&Г, свилена долна облека со леопард-принт

Секси-долната облека секогаш е убав подарок. Повеќе поттикнува ако е свилена, со тантела или леопард-принт.

Егзотична купка

Егзотична купка

Купка со егзотична, силна, зачинета миризба. Освежува и инспирира во кадата пред да се „нурнете“ во креветот.

Ажент провокатор лисици

Ажент провокатор лисици

Компанијата за долна облека Ажент провокатор тврди дека лисиците не излегуваат никогаш од мода. Всушност, тие се број 1 најпродаван производ што се однесува до додатоците за предигра. Во мода се стилизираните, никако со груб изглед.

Гајбратор

Гајбратор

Новина во секс-шоповите е гајбраторот за мажите. Совршен е за осамените тивки ноќи, но и за бурните бучни ноќи со вашата партнерка.

Новата книга Хелмут Њутн, дополнета од Карл Лагерфилд

Новата книга Хелмут Њутн, дополнета од Карл Лагерфилд

Еротиката е прашање на вкус и расположение. Колекцијата фотографии од голи тела на Хелмут Њутн, дополнета од Карл Лагерфелд е сојузник на модата, уметноста и еротиката.

И уште една идеја која е поприфатлива од сите претходни. Свеќа -афродизијак. Не мора да пишува на пакувањето дека има моќ на афродизијак, доволно е да има само силна миризба на сандаловина, пачули, јасмин или роза, а уште подобро на се тоа заедно (инспирирајте се од насловната фотографија).

 

x

Check Also

Кое куче е идеално за вас според хороскопскиот знак

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, нѝго одредува карактерот, вкусовите, што ...