Зад сцената:Балкан емоушн фешн дејс (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Подготовките се при крајот, финалните проби се во тек. Утревечер и задутре во Виена, Австрија, за првпат ќе се случува настанот Балкан емоушн фешн дејс (Balkan Emotion Fashion Days) кој ги спои дизајнерите и моделите од повеќе земји.

fd 31

На Балкан емоушн фешн дејс ќе се претстават балкански модни креатори кои живеат во Австрија и дизајнери од Балканот кои допатуваа во Виена, меѓу кои и неколку Македонци. Настанот е во организација на Паолос Ворлд (Paolo’s World), а менаџер на проектот е Билјана Сетиновска, која идејата ја дотурка до реализација и која овозможи, меѓу другите, и македонските млади модни креатори да ги претстават своите креации пред австриската публика.

fd 30

 

Утревечер ќе се претстават балкански дизајнери кои живеат во Австрија: Џовани Ло Прести, бутик Чик, Кети Бериша, Вера Веигл и бутик Феш. За 30-ти април пак, е предвидена натпреварувачки вечер за дизајнери од Балканот на која ќе се престават: Ирина Тошева од Македонија, Душко Орашчанин од Босна, Златко Јовановски од Македонија, Александра Богдановиќ од Србијаи Милица Тричковиќ од Србија.

За настанот се ангажирани 30 манекенки од различни националности.

Но, веруваме дека повеќе би сакале да ѕирнете што вечерва се случува зад сцената.

fd 28fd 27fd 26fd 25fd 24fd 23fd 22fd 21fd 20fd 19fd 18fd 17fd 16fd 15fd 14fd 12fd 32

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

x

Check Also

Mitra.mk слави роденден со „Митрафест“ виртуелниот фестивал

Македонската онлајн продавница „Митра“ прославува една година постоење. По повод роденденот, а истовремено ...