Зад секоја икона стои…страст!

Че Гевара и страста за рагбито.

ce 5

Веројатно знаете многу нешта за Че Гевара и на многу нешта може да се сетите кога ќе се спомне неговото име, но малкумина знаат за неговата страст за спортот. Особено, за рагбито.

Че Гевара е роден во аргентинско семејство со ирско потекло и имал привилигирано образование. Додека неговиот интерес за мотоциклизмот се форсираше во медиумите, новинарите како да ја заборавија неговата најголема страс – рагбито. До денес, рагбито е популарен спорт во Аргентина, но некако како да останува „резервиран“ само за повисоката класа, додека за останатите, тука е фудбалот.

За Ернесто фудбалот не бил толку интересен, како рагбито. Вистинската негова страст ја покажувал преку овој спорт. Иако неговите родители се противеле дека влетува во еден „брутален“ спорт, Че без нивно знаење најголем дел од тинејџерските денови ќе ги помине играјќи рагби.

ce 2

„Попрво би умрел отколку да ги послушам родителите и да се откажам од овој спорт“, пишува во една белешка. Набргу добива и професионална понуда да биде дел од рагби-тимот Кордоба.

По завршувањето на средното училиште Че ќе се приклучи на прочуениот рагби тим Сан Исидро каде поради тешките тренинзи ќе минува низ болен период страдајќи од астма. На натпреварите се случувало и неколку пати да ја напушти играта за да земе кислород од инхалаторот кој секаде го носел со себе. Тогашниот менаџер на тимот, Марио Долан, се сеќава дека „беше тешко да се стави Ернесто во игра, но истовремено беше невозможно да се победува без него, а уште потешко да му се каже дека мора да седне малку на клупата“. Како жесток рагби играч го добива прекарот Фјузер.

И покрај лекарската забрана поради која завршува на клупата во Сан Исидро, Че ќе го смени тимот само за да продолжи да игра. Следува Аталија Поло клубот (од каде е повторно исклучен од истите, здравствени причини), и повторно го менува клубот потпишувајќи договор со Ипора.

ce 3

И покрај неговиот мал раст, младиот Гевара брилира на многу спортски натпревари вклучувајќи го и пливањето, фудбалот и голфот. По револуцијата, Че страста за рагбито (навидум) ќе ја замени со страст за голфот, нарекувајќи го „буржоаска игра“. Со оваа страст ќе го „зарази“ и Кастро, а подоцна и американскиот генерал и политичар (во 1956 година избран за претседател на САД) Двајт Ајзенхауер. Всушност, Азејнхауер го запознал преку голфот, упатувајќи му покана за „двобој“ на голфскиот терен.

ce 4

Студирајќи медицина, Ернесто бил истовремено и уредник на првото списание во Аргентина посветено само на рагбито. Во тоа списание, „Такл“, пишувал под псевдонимот Чанг Шо, азијска верзија на неговиот прекар Ел Чанчо.  Бездруго, неговата жестока борбеност од овој спорт ќе ја пренесе како вештина во битките, промовирајќи ја девизата дека „нема друг спорт кој може да ги имитира физичките барања и јасното размислување под притисок во една вистинска битка подобро од рагбито“.

Фидел Кастро подоцна пак, ќе ја внесе политиката во спортот, промовирајќи го голфот како игра за богати мажи. За разлика од него, Че нема да ги меша политиката и спортот, сметајќи ги за сосема спротивни работи.

Подоцна ќе се посвети на мотоциклизмот, токму поради тоа што сметал дека во рагбито и голфот веќе има премногу политика, а мотоциклизмот е сеуште „чист“. Според книгата на Иберто Гранадо „Патувајќи со Че Гевара: создавајќи ја револуцијата“ и филмот „Мотоциклистички дневници“ снимен според книгата на Гранадо, до последен ден страста на Че сепак била рагбито. Патувањата пак со мотор (но и со велосипед) низ цела Јужна Америка ќе му донесат контакти со обичните луѓе со кои со часови ќе ги споделува своите спортски размислувања. Гранадо пак, кој патувал со Че Гевара, подоцна ќе стане професор на Медицинскиот факултет во Хавана, а во чест на Ернесто ќе ја основа Кубанската Рагби Асоцијација.

Ј.К.

x

Check Also

Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не ...