Задолжително парче облека за оваа сезона: Пролетно палто

Во гардеробата на секоја жена палтото е задолжително, па затоа е вечна инспирација за дизајнерите. Освен тоа, неизбежно е во многу модни комбинации, особено кај дами кои сакаат го сакаат елегантниот изглед.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Некогаш беше исклучиво дел од бизнис стилот, а денес има широка употреба, бидејќи лесно се комбинира. Постојат многу начини на кои може да се носи, а во новите колекции дизајнерите покажа колку се инвентивни.

palto 234

Оваа пролет не постојат правила кога станува збор за обликот, па така секој крој е модерен. Се истакнуваат класичните модели кои се најпрактични, а оваа сезона се појавија во нешто помодерен облик. Така можете да ги видите моделите со коси џебови, повеќе струкирани или целосно рамни.

Хит на сезоната се белите палта кои го освежуваат целиот изглед. Доминираат модели кои може да се носат  со тесни фармерки, панталони и здолништа. Исто така, многу популарни се и оние збогатените до рачно везени детали, со впечатливи цветни мотиви, каро дезен, животински и геометриски принт, ленти…

Во мода се пократки палта, кои добро се комбинираат  со долги здолништа со волумен, , но и со панталони од различен крој. Многу дизајнери за оваа сезона покажаа палта  инспирирани од машките модели, кои се долги и рамни, а се носат со фармерки и фустани. Актуелни се и памучните пролетни палта , кои се совршени за овој период од годината бидејќи се многу практични, лесни и пријатни за носење.

 

x

Check Also

Mitra.mk слави роденден со „Митрафест“ виртуелниот фестивал

Македонската онлајн продавница „Митра“ прославува една година постоење. По повод роденденот, а истовремено ...