Задолжително: #SwissEP претприемачот Роланд Симон во Јавна Соба ќе предава за брендинг

Брендинг е главната тема на настанот Кафе со експертот на кој #SwissEP претприемачот Роланд Симон за сите заинтересирани ќе одржи предавање во Јавна Соба на 13-ти февруари, среда, започнувајќи од 18 часот.

„Експертот на предавањето ќе ја објасни методологијата како да креирате посилни брендови за социјални и еколошки промени користејќи го Canvas Brand Thinking. Оваа рамка, развиена од Ана Меттенбург, автор на книгата “Brand the Change “, може да ви помогне да дефинирате кој сте, што правите и зошто е важно, кој е вашата публика и како можете да ги насочите за она што мислат и чувствуваат за вас преку интеракции на градење брендови. Ова се само дел од точките кои ќе се дискутираат за брендинг, затоа ве покануваме да бидете дел од ова предавање на нашиот експерт Симон.“ изјави Нина Николиќ од #SwissEp.

Роланд Симон е бренд експерт од Амстердам, Холандија, #SwissEP претприемач кој е во тесна соработка со разни организации и старт-ап екосистем во Македонија. EIR EUROPE е иницијатива на Швајцарската програма за претприемништво, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact во конзорциум со J.E.Austin.

Тој е дел од глобалната мрежа за маркетинг на обучувачи за промени и има за цел да ги искористи своите вештини за позитивни социјални и еколошки промени.

Котизацијата за настанот изнесува 150 денари со вклучено кафе а може да се пријавите преку е-пошта tamara@publicroom.org. Предавањето е на англиски јазик, а повеќе детали на социјалната мрежа Facebook: https://www.facebook.com/events/388470821723147/

x

Check Also

Иднината на модата е одржлива Crafting the future Athens

Фондацијата „Onasis Stegi“ во соработка со „British Council“ организираше дводневна програма во културниот ...