Задолжително во вашиот гардеробер: тексас

Надминете го стандардното модно правило дека задолжително треба да имате „цевка“ тексас фармерки во светли тонови.

01den

Тексасот може да раскажува многу побогати и покреативни приказни. Комбинирајте тексас со свила, тексас со монистра во африкански стил или тексас збогатен со впечатлив принт.

02den
Старата тексас јакна од детството може да биде вашето ново уникатно парче доколку го збогатите со интересни значки, брошеви или нитни.
Добро познатите тексас фармерки со трегери кои беа заштитен знак на трудниците и „бубалиците“ во средношколските денови сега се вистинскиот избор за модните зависници и љубители на овој моќен материјал.

03 den
Земете ги градинарските ножици и искреирајте нов асиметричен модел од вашето старо тексас макси здолниште или на старите тексас фармерки направете им рокерски резови на колената.

04 den
Одберете ги вашите омилени и уникатни тексас куси панталони или мини здолниште и останете во него до крајот на ова жешко и долго лето.

М.Р.

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...