Задоволството те носи чекор подалеку. Продолжи да чекориш

Одбележјето на врвно виски е неговата разновидност во вкусовите. Токму вискито е пијалак од избор за различни поводи и околности.  Не само заради неговата  впечатлива и предизвикувачка нота во вкусот, туку и заради престижот кој го симболизира.

Web Banner 2 jonny walker 2

И покрај тоа што навиката кај луѓето е да се консумира традиционално само со мраз, постојат и други варијанти на консумирање кои носат разиграност во дегустацијата. Дегустацијата е процес, од самото приготвување т.е сервирање на пијалакот, до закуската која е придружен зајакнувач на вкусот.

Banner 4 jonny walker

Вискито првично го правеле монаси кои единствено го користеле во медицински цели. Вискито тогаш не било оставаnо да зрее, па заради тоа имало интензивен сиров вкус. Дури подоцна во времето на Хенри VIII производството на виски се префрлило во домашни услови. За кратко време уметноста на чувањето виски го имаат само неколку ирски фамилии кои ја продолживаат традицијата на правење и чување виски до ден денес.

Меѓу различните видови на виски, диференцијација се прави според тоа, кое зрно се употребува, процесот на производство, каде се произведува и колку долго се старее, односно чува вискито. Именување на вискито најчесто се прави според регионот каде што се произведува: Шкотска, Канада, Јапонија, Ирска, Америка како и други делови од светот.

Денеска вискито претставува престижен пијалак. Го консумираат оние кои сакаат префинет вкус по мерка на она што го рефлектираат како имиџ со своите достигнувања во она што го работат. Задоволството да се биде успешен и задоволството кое произлегува од успехот не носат чекор подалеку.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...