Зајдисонцето со Massimo Dutti е секогаш поубаво, поглед на новата колекција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Водечкото лице на кампањата на модната марка Масимо Дути за новата летна колекција е моделката Едита Вилкевичиуте.

Модниот водич за лето 2021 година е насловен: Зајдисонце.

Фотографирана од Робин Галиге, литванскиот модел покажува опуштени силуети совршени за сезоната на топло време. Шпанскиот моден бренд се фокусира на најважните летни модни парчиња како што се фустанчињата, едноделни костими за капење и лесните туники.

Колекцијата е збогатена со капчиња, елегантни очила за сонце и плетени торби за плажа.

Палета на бои се одликува со спокојни нијанси на небесно сина, маслинесто зелена и портокалова нијанса.

Во продолжение погледнете дел од колекцијата.

x

Check Also

& Other Stories нуди супер модни комбинации по достапни цени за лето 2021

Ако барате модно парче за вториот дел на жешкото лето, & Other Stories ...