Замена за вечера при секоја здрава диета: Овошна салата со авокадо

Шик и здраво мени за подобро расположение и полесно губење на килограмите.

salata 123

Иако авокадото е прилично богато со калории, одредена количина од оваа здрава намирница е благодетна во секоја програма за слабеење. Многумина нутриционисти советуваат дека и не мора да се држи некоја посебна „програмска“ диета за да се загубат килограмите, доколку авокадото (заедно со зелена салата за појадок или овошна салата за вечера) го замени појадокот или вечерата. И тоа е се.

Благодарение на моно-незаситените масти кои ги содржи, авокадото помага во губењето на тежината давајќи дополнително чувство на ситост. Да не зборуваме за веќе познатите здравствени придобивки од оваа намирница.

Бананата пак, го подигнува расположението, исто како и јаготките, а портокалот има чудесни освежувачки моќи и дава енергија. Ликерот е одличен афродизијак.

Овошната салата со авокадо може да биде одлична замена за вечерно мени при секоја диета. А еве како да ја подготвите за две лица.

Потребни се – 3 портокали, 2 авокада, 2 банани, 300 грама јаготки, 2 лажици мед, 1 ќесичка ванилин шеќер, 1 чашка ликер од портокал, малку морско оревче.

Подготовка

Излушете ги портокалите, исцедете ги и сечкајте ги на резанки. Варете го две минути медот, оревчето и ванилиниот шеќер, а потоа ставете ги да се изладат.

Авокадото исечете го на половина по должина, потоа издлабете го.

Излупете ги бананите, исечкајте ги на кругови и измешајте ги со авокадото и портокалот. Додадете ги измиените и исечканите на половина јаготки.

Измешајте го слаткиот сируп со ликерот и потоа прелијте ја овошната салата и наполнете ги издлабените половинки од авокадото.

x

Check Also

LIVSANE… За живот полн енергија

LIVSANE ги инспирира посетителите на Водно кон повеќе здравје Здравјето е едно од ...