Замрзнати производи на менито за исхрана во летниот период

Високите температури во летниот период придонесуваат за побрзо развивање на микроорганизми во храната, кои често можат да предизвикаат стомачни проблеми, a неретко и труење. Ова е главната причина зошто во овој период од годината е особено важно да внимаваме каква храна внесуваме во организмот и особено како истата се чува.

Чувањето на храната претставува прилично комплицирана постапка поради влијанието на високите температури врз брзото губење на хранливите состојки кои се потребни за нашето здравје. Токму затоа, потребно е да направиме правилен избор при набавка на продуктите и да внимаваме на нејзиниот транспорт, рокот на употреба и на соодветното чување на намирниците.

Една од клучните начини на безбедно чување на храна претставува чување на продуктите во замрзната состојба. Придобивките од ваквиот начин се огромни, затоа што замрзнатите производи го зачувуваат квалитетот и вкусот, а ја обезбедуваат еднаквата хранливост како кај свежите производи. Важно е да се потенцира и тоа дека замрзнатата храна има подолг рок на траење и дополнително може да заштедите пари во семејниот буџет.

Замрзнатите производи на компанијата Слога Пром се безбедни, свежи и квалитетни, а со начинот на замрзнување се зачувуваат хранливите состојки и истите можат да стојат во фрижидерот неопределено време. Од палетата замрзнати пакувани производи, компанијата располага со замрзнато месо, риба, помфрит, зеленчук и овошје. Слога Пром ги следи најновите европски и светски трендови во декларирањето и означувањето на производите според НАССП стандардите.

 

 

 

 

 

x

Check Also

Цезар салата според оригиналниот рецепт на Цезар Кардини од 1924 година

Оваа салата некогаш се јадела со раце. Во повеќе ресторани во градот ...