Жанета Митрушевска: Кога работата ви е забавна, успехот е уште поголем

Приказната на Жанета Митрушевска – jуниор mенаџер во Авон со развиена структура од повеќе од 180 членови.

Zaneta Mitrusevska

„Секој може да напредува и сакам да ги охрабрувам луѓето да се обидуваат.“

Жанета Митрушевска од Битола е психолог, вработена е како едукатор за ран детски развој во НВО Life Start, поддржана од Уницеф. Мајка е на две полнолетни деца, а вели дека има авантуристички дух, комуникативна е и дружељубива, искрена во односот и одговорна и лојална во работата. Таа веќе 8 години успешно го развива и својот сопствен бизнис во сферата на директна продажба во компанијата Авон ( AVON.)

„Доколку најдете друга компанија во Македонија која ќе ви овозможи да започнете бизнис без да инвестирате – јавете ми се“, со смеење раскажува Жанета.

На последната Национална конференција на Авон бевте наградена за најголем број на потврдени лидери. Која е вашата главна стратегија за придобивање на клиенти?

Пред сè, прецизно профилирање на потребата на клиентот и потпирање врз сопственото искуство за квалитетот на производот. Имам голема група, иако регрутацијата не оди секогаш експресно брзо, но напредувам сигурно и стабилно. Мојата стратегија е повеќе насочена кон обучување отколку кон слепа трка по претставници. Сметам дека ако потрошам повеќе време на обучување на нови членови, тие и самите ќе бидат поуспешни, а и мојата структура ќе биде постабилна.

Што ве мотивираше да им се придружите на Авон претставниците и што денес ви претставува мотивација за работа во структурата?

Мотивот се менуваше со тек на време. Првично, да обезбедам бесплатна шминка за мене и за ќерката во периодот додека таа беше тинејџер, а потоа и можноста за дополнителен буџет во семејството. Денес дополнителна мотивација ми е идејата дека можам да напредувам и неограничено да заработувам и да бидам наградувана според постигнатите резултати.

Како ви помага Авон да заработите?

Тоа е една од ретките компании која на своите претставници и лидери им дава претходно подготвен план за заработка (проценти на заработка , бонуси, заработка според титула), и зависно од нашиот ангажман, креативност, посветеност можеме да го достигнеме или минимумот или максимумот. Значи, многу е полесно на претходно дадена плаформа  – да изградиш сопствен бизнис со смислена финансиска конструкција.

M.M

 

x

Check Also

Тага во модниот свет: дизајнерот Кензо Такада почина од коронавирус, ќе го паметиме по моќта на цветниот принт

Јапонскиот дизајнер Кензо Такада почина на 81-годишна возраст од компликации на коронавирусот. ...